Центар за остеопороза

Навремена дијагноза за силни коски и сигурна иднина

Остеопорозата е хронична метаболичка болест на коските која доведува до намалување на густината и квалитетот на коскеното ткиво. Таа се развива тивко, без симптоми, сè до првата скршеница. Затоа, раната дијагностика е клучна.

Во Поликлиниката Рес Хумана, овозможуваме прецизно мерење на коскената густина со помош на најсовремена DEXA технологија (дензитометрија) – златен стандард во проценка на ризикот од остеопороза.

Кои се ризик-фактори за остеопороза?

  • Возраст над 50 години (намалување на коскената маса)
  • Женски пол (особено по менопауза)
  • Семејна историја на остеопороза
  • Мала телесна тежина, физичка неактивност
  • Недоволен внес на калциум и витамин Д
  • Пушење и алкохол
  • Продолжена имобилизација
  • Долготрајна употреба на кортикостероиди
  • Нарушена функција на тироидната жлезда

 Препорачуваме дензитометрија на:

  • Сите жени постари од 55 години
  • Сите мажи постари од 60 години
  • Лица со скршеница без голема траума
  • Пациенти со семејна историја на остеопороза
  • Лица со ризифицирани хронични заболувања: шеќерна болест, ревматоиден артрит, хормонски нарушувања
  • Пациенти со ниско ниво на калциум, намалена физичка активност, рана менопауза
  • Спортисти

 Што е дензитометрија?

DEXA (Dual-energy X-ray Absorptiometry) е безболна, неинвазивна и сигурна метода која со прецизност ја мери минералната густина на коските, најчесто во пределот на колковите и ‘рбетот.

Што нудиме во Рес Хумана?

  • Современ DEXA скрининг за остеопороза
  • Консултација со специјалист интернист или ендокринолог
  • Советување и план за терапија и исхрана
  • Следење на резултати и редовни контроли