Тироидната жлезда е мала, но исклучително важна жлезда, сместена на предниот дел од вратот, околу душникот. Има форма на пеперутка и игра клучна улога во регулирањето на метаболизмот, енергијата и хормоналната рамнотежа во организмот.
Мај е месец посветен на подигање на свеста за здравјето на тироидната жлезда, а на 25 мај се одбележува Светскиот ден на тироидната жлезда – симболичен потсетник за нејзината важност во секојдневното функционирање на телото.
Иако е мала по големина, тироидната жлезда има големо влијание врз севкупното здравје. Затоа, редовните прегледи и навременото откривање на промените се од особено значење

