Интерна медицина

Во Рес Хумана, интерната медицина претставува темел на нашата дијагностичка и терапевтска работа. Искусен тим на интернисти нуди целосен преглед, рана дијагноза и третман на болести на срцето, белите дробови, желудникот, цревата, бубрезите и други внатрешни органи.

Интерната медицина е професија во која интернистите, „возрасни лекари“, се обучени за лекување и спречување на болести и состојби кај возрасната популација. Тие се нарекуваат и „лекари на лекарите“ бидејќи лекарите од други специјалности ги консултираат за комплицирани и сложени случаи. Покрај дијагностицирањето и лекувањето на болести, интернистите го унапредуваат здравјето воопшто преку редовни, превентивни прегледи.

д-р Весна Папазоска

Специјалист по интерна медицина

Интерна медицина – прегледи

Превентивниот преглед се врши со цел спречување на болести или рано откривање на болести.

  • Превентивен систематски преглед
  • Предоперативен интернистички преглед
  • Интернистски преглед
  • ЕКГ со читање
  • Спирометрија
  • Бронходилататорен тест
  • Ехо на абдомен ( црн дроб, жолчка, бубрези, панкреас, бешика, аорта)
  • Ехо на тироида
  • Ехо на простата – со мерење на рест урина
  • АБП Холтер – за крвен притисок
  • DEXA scan – мерење на масти, мускули, коски и телесни води

 

Како да се подготвите

На закажаниот преглед донесете ја целата претходна медицинска документација, наведете ги лековите што моментално ги земате и евентуалните алергии на лекови, доколку ги има, заедно со вашата семејна историја, за да можеме да добиеме најцелосна слика за вашата здравствена состојба и да придонесеме за дијагноза и терапија.
Со комбинирање на клинички преглед, лабораториски и ултразвучни испитувања, обезбедуваме прецизна проценка и индивидуален пристап.