Следете нè:

Затвори

Испратете ни порака

Вашето име:*

Вашето презиме:*

E-mail:*

Телефон:*

Вашата порака: *

Рес Хумана

Миле Поп Јорданов 44

Скопје

Факс: 3085754

Телефон 2: 02 3085754

Локација: во склоп на Гранит хотелот-Козле

Веб страна: www.reshumana.com.mk

E-mail: reshumana@reshumana.com.mk

Центар за остеопороза

Почетна > Res Humana услуги > Центар за остеопороза

Центар за остеопороза

Остеопорозата претставува метаболичка болест на коските која ги намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Од триесетата година на животот па натаму кај луѓето почнува да се намалува постепено количината на коскеното ткиво во коските. Кај жените, губитокот е присутен особено неколку години после менопаузата, додека кај мажите, во принцип, губитокот е константен. Најчести фактори кои ја предизвикуваат остеопорозата се:

  • Возраста - над 30 години, коскената маса почнува да се намалува
  • Пол - жените се четирипати повеќе подложни на ова заболување од мажите, особено за време на менопаузата и на возраст над 50 години
  • Семејна историја
  • Физичка неактивност, мала телесна тежина
  • Долготрајна имобилизација
  • Недоволен внес на калциум со храната
  • Пушење и алкохол
  • Користење на кортикостероиди
  • и болести на тироидеата

Ние ви овозможуваме дијагностицирање на остеопорозата со помош на најдобриот скрининг тест таканаречен DEXA метода (мерење на коскената минерална густина) и понатамошно лекување.

Дензитометрија

Златен стандард за поставување точна и прецизна дијагноза за остеопороза проценка на коскена густина на колкови и 'рбет. Оваа метода е најсигурна, eдноставна, прецизна, безболна, безбедна.

За кој се препорачува:

  • Сите жени постари од 55 год.
  • Сите мажи постари од 60 год.
  • Сите кои се здобиле со скршеница
  • Сите со семејна историја на болеста (мајка, татко, баба, дедо, тетка)
  • Сите оние кои имаат ризик фактор за остеопороза

Ризик фактори за остеопороза:

  • Рана менопауза (пред 45та година)
  • Намален внес на калциум и Витамин Д.
  • Зголемено внесување на алкохол
  • Пушење повеќе од 20 цигари дневно
  • Сите оние кои имаат ризик фактор за остеопороза
  • Низок раст и стини коски
  • Намалена физичка активност

Ризик фактори за секундарна остеопороза:

  • Шеќерна болест
  • Ревматоиден артрит
  • Нарушена функција на штитна жлезда
  • Употреба на гликокортикоидиц
  • Антикоагуланси, седативи

На почеток