Следете нè:

Затвори

Испратете ни порака

Вашето име:*

Вашето презиме:*

E-mail:*

Телефон:*

Вашата порака: *

Рес Хумана

Миле Поп Јорданов 44

Скопје

Факс: 3085754

Телефон 2: 02 3085754

Локација: во склоп на Гранит хотелот-Козле

Веб страна: www.reshumana.com.mk

E-mail: reshumana@reshumana.com.mk

Лабораторија

Почетна > Res Humana услуги > Лабораторија

Биохемиска лабораторија

При лабораториска дијагноза првиот и најважен чекор е контактот со пациентот, кога се зема крв или се земаат други примероци. Подготовката на пациентот пред да бидат земени потребните примероци е од голема важност за точноста и веродостојноста на лабораториските резултати. Во текот на лабораторискиот процес ние ќе извршиме анализа на вашите примероци, водејќи сметка за точноста, брзината и сигурноста, и на крајот од овој процес ќе се внесат резултатите во извештајот од лабораторијата. Од голема важност е довербата која ни ја давате во моментот кога сте се одлучиле за нашата лабораторија и нашиот професионален тим. Ова не обврзува вашите примероци и резултати да бидат заштитени со вашите права и доверливоста на медицинските податоци.
Лабораториска дијагноза е аналитичка гранка на медицината која овозможува анализата на лесно достапни примероци како крв, урина и измет, со цел да се дознаат вредни информации за здравјето и болестите на одредени органи, како срцето, бубрезите и црниот дроб или на телото како целина. Со помош на добиените резултати од лабораториската анализа може да се предвидат насоки за понатамошен третман, или прогнозата на болеста и следење на ефектите од третманот. Најголем број на одлуки во областа на медицината и здравствената заштита се засноваат на лабораториските резултати. Анализата на примероци на телесните течности често ни овозможува да се види она што не е видливо со голо око или некои други дијагностички техники. Како и во многу други области на медицината, биохемиската лабораторија понекогаш дава едноставни одговори на некои прашања во врска со здравјето и болеста, но сепак во повеќето случаи, тоа е комплексна анализа на лабораториски резултати, која бара консултации и лекарско мислење. Во нашата лабораторија може да направите :

  • Хематолошки анализи
  • Биохемиски анализи
  • Хормони
  • Тумор маркери
На почеток