Следете нè:

Затвори

Испратете ни порака

Вашето име:*

Вашето презиме:*

E-mail:*

Телефон:*

Вашата порака: *

Рес Хумана

Миле Поп Јорданов 44

Скопје

Факс: 3085754

Телефон 2: 02 3085754

Локација: во склоп на Гранит хотелот-Козле

Веб страна: www.reshumana.com.mk

E-mail: reshumana@reshumana.com.mk

Дерматовенерологија

Епилација тренд и потреба на современите мажи и жени

Light Sheer Lumenis е златен стандард во светот кога станува збор за трајна ласерска епилација, ласерскиот систем е базиран на најсовремена ласерска технологија, обезбедува изведување на третманот со сигурност и комфор и воедно е потполно безбеден за вашето здравје. Периодот есен-зима е идеален за почеток на ласерска епилација Ефикасноста на третманот зависи од контрастот меѓу кожата и влакната најдобри резултати се постигнуваат кај особи кои имаат темни влакна и светла кожа (пред третманот не се препорачува солариум). После 1-2 направени третмани проблемот со враснати влакна и пропратен фоликулитис наполно исчезнува. Сондата на ласерот поседува систем на ладење со што не постои ризик од изгореници

Епилација со ласер е траен начин на отстранување на несаканите влакна од сите површини на телото.Ласерскиот сноп е концентриран сноп на светлина кој насочен кон кожата се апсорбира од кожниот пигмент меланин кој се наоѓа во фоликулот на влакното. Апсорбираната светлината се претвора во топлина и врши фотодермолиза на фолиулот на влакното и трајно го уништува во анагената (активна фаза на раст) , Во анагена фаза се наоѓаат 70% од влакната останатите околу 10% се наоѓаат во фаза на регресија а околу 20% во фаза на отпаѓање, затоа се потребни од 3 до 6 третмани за да се опфатат и влакната во другие фази.

Временскиот интервал меѓу два третмани е од 1-3 месеци со цел да се остави време неактивните влакна да дојдат во активна фаза богата со меланин. Потребно е 2-3 недели пред третманот влакната да не се отстрануваат од корен (не Депилација, Не пинцета) дозволено е само отстранување со брич или ножичка бидејќи ни е потребен коренот од влакното.

На почеток