Следете нè:

Затвори

Испратете ни порака

Вашето име:*

Вашето презиме:*

E-mail:*

Телефон:*

Вашата порака: *

Рес Хумана

Миле Поп Јорданов 44

Скопје

Факс: 3085754

Телефон 2: 02 3085754

Локација: во склоп на Гранит хотелот-Козле

Веб страна: www.reshumana.com.mk

E-mail: reshumana@reshumana.com.mk

Хијалуронски филери

Филери на база на хијалуронска киселина

Филерите од нановата генерација се базирани на хијалуронска киселина која природно се наоѓа во нашиот организам а главна функција и е да ја врзува водата, што ги прави апсолутно безбедни и не се алергени. Хијалуронската киселина е природна состојка на организмот. Таа има позитивно влијание врз кожата, го привлекува молекулот на водата, ја навлажнува кожата и ја зголемува нејзината заштита од штетното влијание на ултравиолетовите зраци. Со стареењето количината на природната хијалуронска киселина се смалува па така доаѓа до губење на волуменот на лицето и усните. Зголемување на усните се прави кај млади особи кај кој постои примарно мал волумен на усни-тенки усни или кај стари особи кај кој дошло до атрофија на ткивото во подрачјето на самите усни.

Предностите на филерите:

  • моментален ефект
  • алтернатива на хируршка операција
  • еднократна процедура со трајни резултати (меѓу 6 и 12 месеци)
  • не се бара претходна подготовка за процедурата
  • нема сезонски ограничувања – можат да се применуваат во секое време на годината

Постапката се изведува на тој начин што филерот-хијалуронот се аплицира со помош на мали тенки игли по должината на работ на усната или во самата усна за да се постигне саканиот волумен и облик на усните. Постојат повеќе техники за апликација на филерите со кои е постигнува разни ефекти во зависност од желбите како би се постигнал најдобар ефект.Процедурата е краткотрајна добро се поднесува и после третманот нема болки. После третманот црвенилото исчезнува за неколку часа а отокот за 2 дена. После две седмици препаратот сам се прераспределува и го дава својот прав изглед. Ефектот трае од 6 до 12 месеци. Волуменот на вашите усни ќе изгледа толку природно, да никој не би помислил дека се резултат на дерматолошка процедура.

На почеток