Миле Поп Јорданов 44
Скопје
Факс: 3085754
Телефон 2: 02 3085754
Локација: во склоп на Гранит хотелот-Козле
Веб страна: www.reshumana.com.mk
E-mail: reshumana@reshumana.com.mk
Најнова метода на мезотерапија е Мезо Ролер методот. Овој метод во моментот се наоѓа на прво место на списокот на најбарани третмани. Со ефикасноста и едноставната апликација на безболно боцкање од 500 000 убоди на микро игли на природен начин се прави обнова на кожата, а клиентите може да бидат од различна возраст, пол и проблематика. Резултатите на најновата технологија се комбинација од комбинирана употреба на Дермаролер и коктел за мезотерапија. Ваквата комбинација е моќна, дава видливи и докажани резултати. Всушност крајниот ефект од третманот е резултат од ефектите на дермаролерот кои потикнуват синтеза на нов колаген и еластин, стимулирани од уникатната формулација на коктелот за мезотерапија. Со помош на дермаролерот се обезбедува 95% ефективна ресорпција на активните состојки во кожата, со што максимално се искористува нивниот моќен ефект. Мезотерапија е француска метода што се употребува за длабинско внесување на активни компонети, вградени во коктели или раствори, директно во кожата. Во естетиката оваа метода се употребува за подобрување на квалитетот на кожата и разубавување. Дермаролерот исто така прави механична стимулација на кожното ткиво, при што го стимулира да создава нови количества на колаген и еластин. На овој начин се подобрува квалитетот на кожата, таа станува затегната и измазнета. Третманите за лице даваат ефект на обновување, измазнување, пополнување, затегнување, третирање на пигментација и акни, како и специјални третмани за третирање на регијата околу очите. На телото овој третман дава одлични резултати при третирање на целулит, локализирани масни наслаги и стрии.)
На почеток